Кисела Вода (Кисела Вода) ул. Борис Трајковски бр. бб 11 Октомври (Кисела Вода)
Поради дефект дел од Кисела Вода без водаСокриј
Поради дефект дел од Кисела Вода без вода. ЈП Водовод и канализација информира дека поради уличен дефект на водоводна цевка од ф 200мм на ул.„Борис Трајковски“ бб , кај маркет ТИНЕКС, денеска без вода се корисниците од населбата „11 Октомври“. Од претпријатието посочуваат дека прекинот со водоснабдувањето е од 13:55 и ќе трае до завршување со работните активности.