Една скопска улица денес без вода поради дефектСокриј
Една скопска улица денес без вода поради дефект. Поради дефект на улицата „Леринска“, прекинато водоснабдување имаат дел од корисниците од оваа улица, вклучително и објектот на Германска амбасада, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Во соопштението се наведува дека вода нема од 8:40 часот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.