Без вода делот од Градски парк до ВладаСокриј
Без вода делот од Градски парк до Влада. Од скопски Водовод информираат дека денеска поради менување вентил во шахта на ул.Ристо Шишков бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада на РСМ. Водоснабдувањето е прекинато од 09:45 часот, а прекинот ќе трае до завршување со работните активности, соопштија утрово од ЈП Водовод и канализација-Скопје.