Радишани (Бутел) ул. Љуботенски Пат бр. 38
Без вода напладне дел од скопска општинаСокриј
Без вода напладне дел од скопска општина. ЈП Водовод и канализација известува дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат корисниците од село Радишани. Од таму информираат дека поради дефект на приклучна водоводна цевка од ф 1”цол на улицата Љуботенски пат бр.38 Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Радишани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот.